-->
-->
Хејли: Не би ја преземала должноста државен секретар на САД
-->

Американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли изјави денеска дека не би ја преземала функцијата државен секретар доколку и биде понудено од претседателот на САД, Доналд Трамп.
- Не би прифатила. Сакам да бидам таму каде што сум поефикасна. Откако сум избрана луѓето зборуваат за тоа што се обидувам да направам или што треба да направам. Она што се обидувам е всушност да ја работам добро својата работа, истакна Хејли за Си-Ен-Ен.
Минатиот месец Хејли беше во центарот на шпекулациите за смените во тимот на Трамп, а во врска со наводите за тензии меѓу американскиот претседател и државниот секретар Рекс Тилерсон.
Исто така, медиумите пишуваа и дека Хејли се повеќе е присутна во различни меѓународни теми, додека Тилерсон е „невидлив“
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ден по големото невреме што го погоди Скопје
-

Во Гостивар состојбата се следи тековно
-

Реконструирано одделението за трауматологија во ЈЗУ Универзитетска Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“
-

Втор ден од официјалната посета на претседателката на Индија во Македонија
-

Незадоволство во Ѓуземелци, од Општина Лозово велат дека се дезинформации
-

Тема на денот со доктор Драган Даниловски
-

Големо невреме го зафати Скопје
-

Преглед на вестите од светот
