Хелен Мирен доби три восочни фигури во „Мадам Тисо“

Британската актерка Хелен Мирен пред неколку дена наполни 70 години, па во нејзина чест музејот „Мадам Тисо“ во Лондон изложи не една, туку три восочни фигури со нејзиниот лик.
-Пронајди ја лажната, се пошегува славната глумица, позирајќи заедно со своите восочни двојнички.
Две фигуре ја прикажуваат Мирен во нејзините најпознати улоги - како детективката Џејн Тенисон во ТВ серијата „Главен осомничен“ и како кралицата Елизабета II во филмот „Кралица“ , за која и беше доделен Оскар.
Третата кукла, изработена во 2010 година, ја прикажува Мирен во црн фустан на црвениот тепих.
-Тоа е како да имам три сестри, кажа актерката која неодамна ја освои својата трета награда Тони, за улогата на Елизабета II во претставата „Аудиенција“.
Хелен Мирен, која се смета заедна од најголемите глумици на данешнината, има подеднако успешна кариера на филмот, телевизијата и во театарот, што трае веќе речиси 50 години, пренесуваат британските медиуми.
Ново на Сител
-

Колони возила на бензинските станици
-

Тема на денот со Тони Менкиновски, адвокат
-

ВМРО-ДПМНЕ со слики го потсети Филипче дека лажеше за мигрантите, СДСМ тврди дека мигрантите доаѓаат
-

Почна со работа меѓупартиската група за Изборен законик
-

Невладиниот сектор алармира: Имаме политики за заштита на жените, но не се имплементираат
-

83 години од депортацијата на штипските евреи
-

Од полноќ дизелот поскап за 14,5 денари, гужва на бензинските
-

Со интервенции на пазарот регионот се бори против нафтената криза
