Македонија
25. July 2022 - 19:53

Хеликоптер го гасне пожарот на Криволак

Армиски хеликоптер го гасне пожарот на Криволак, информираа вечерва од Центарот за управување со кризи.

-Според известувањето од ОЦ на ГШ, од 16:30  часот дејствува хеликоптер на Криволак во месност Орлов Баир, појаснија од ЦУК.

Од Територијалната противпожарна единица Неготино за МИА рекоа  дека гори нискостеблеста шума на тешко пристапен терен.