Хелсиншки комитет: Притворените за 27 април со денови биле оставени без храна и вода

Повреди на постапката и на правата на обвинетите констатира Хелсиншкиот комитет во судењето за упадот во Собранието од 27 април. Како што стои во октомврискиот месечен извештај за човековите права на Хелсиншки комитет, е забележан нехуман третман кон притворените лица во овој предмет. Во првите неколку дена од судењето, велат од Хелсиншки, тие целосно биле оставени без храна и без вода.
„По соодветните реакции на набљудувачите од граѓанските организации и бранителите на обвинетите во притвор, судот реагираше и на притворените им беше овозможена храна и вода. Следното прекршување кое беше нотирано се однесуваше на должината на траење на едно судско рочиште, имено имаше рочишта кои траеја и повеќе од 12 часа. Последното нотирано прекршување на основните начела на постапката беше повредата на начелото на јавност на постапката, кога, и покрај тоа што загрозениот сведок беше заштитен сведок и се испитуваше според одредбите за распит – членови 228, 229, 230 и 338 од ЗКП, судот на барање на Основното јавно обвинителство ја исклучи јавноста од рочиштата кои беа закажани за 16 и 17 октомври на кои се испитуваше заштитениот сведок“, велат од Хелсиншки.
Во октомврискиот месечен извештај за човековите права во Република Македонија нотирани се и дискриминација врз основа на физичка попреченост во пристап до работно место, како и случај на употреба на прекумерна сила и непрофесионално постапување на полициските службеници.
Во извештајот се констатира дека жртвите на семејно и родово базирано насилство се обесхрабруваат од неефикасните механизми за заштита. Во однос на состојбата со работничките права, покрај случаи на мобинг и прекршени одредби од ЗРО, се наведува и случај на пријава за прекршени права со позитивен епилог.
Ново на Сител
-

Божиќна честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко - скопски епарх
-

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја
-

Поради неисполнување на хигиенски услови, затворени девет новогодишни куќарки во струшката чаршија
-

Тројца тетовчани се обиделе да измамат полицајци со лажна сообраќајка
-

МФ: Трезорот продолжува со редовна исплата на налози, исплатени субвенции, плати, К-15 и капитални расходи
-

Владата ќе донира 100 нови комби возила за Македонска пошта
-

Мицкоски: Каменот тежи на своето место, ни треба секој родум од Македонија кој може да придонесе за развој на татковината
-

Утре дожд и снег на планините, од петок стабилизирање на времето
