Балкан
5. February 2020 - 8:47

Хибридна војна на Балканот: Ѓукановиќ може да заврши како Порошенко

Ал Џезира

Сосема е извесно дека Русија води хибридна војна во Црна Гора со аналогни империјалистички методи и со помош на православието.

Додека служеше верски обред, заедно со епископот на Руската православна црква од Украина, Виктор, митрополит црногорско-приморски Амфилохије ги повика властите во Црна Гора да не подготвуваат злосторства какви што се случија во Украина, алудирајќи на фактот дека при создавање на автономната автокефална Украинска православна црква грабаше храмови на наводно единствената украинска канонска црква на Московската патријаршија. Амфилохије во проповедите посака и народот во Црна Гора да ја собори власта која „носи безбожни закони и одзема цркви“, како што во Украина го собори претседателот Петар Порошенко, кој почна да ја прогонува црквата и да прави своја.

На прв поглед изгледа невозможно Амфилохије со молитви да го избрка црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ. Уште повеќе, за разлика од Украина, на актуелната власт во Црна Гора во моментов во корист ѝ оди сета таа запенавеност од случувања од 90-тите, многу пати видени на просторите на поранешна Југославија. Тоа е препознатливиот модел на балван-српство, што само дополнително ја еманципираше секоја од шесте создадени држави на Западен Балкан. Затоа, најверојатно, Ѓукановиќ одлучи непосредно пред изборите да го усвои Законот за слобода на религија, бидејќи можел точно да предвиди како ќе реагираат црногорската опозиција, Српската православна црква и Србија, предводена од напредњачко- социјалистичката Влада.

Тешко е да не се согласиме со тоа дека усвојувањето на тој закон е политички многу храбар, би можело да се каже провокативен и во голема мера безбедносно ризичен чекор на Ѓукановиќ. Ова е потврдено со доаѓањето кон средината на јануари на првиот специјален антихибриден тим на Сојузот за поддршка на НАТО, со цел зајакнување на способностите на одбраната на Црна Гора од руските хибридни напади. Одлуката на НАТО е сосема логична и промислена, со оглед на тоа дека руски агенти, односно Русија планираше за време на минатите избори во 2016 година да направи немири што би довеле до државен удар и ќе ја спречеа земјата да стане членка на Алијансата.

Ако руските служби минатиот пат беа мрзеливи и затаија во ударот директно на црногорскиот врв, овој пат е очигледно на дело обид да власта да се смени од народот, преку фрустрирани верници. Впрочем, сакралната рамка за дејствување во случајот со црногорската криза ја објави руското Министерство за надворешни работи веднаш по усвојување на Законот за слобода на религија.

„Единство и солидарност на православниот свет, зачувување на неговите вековни темели се клучот за обезбедување нормален развој во општеството“, се заклучува во руското дипломатско соопштение, во кое акцент се дава на тоа дека прашањето треба да се разгледа на меѓународно ниво.

Судејќи по реакциите и пристапот на Владата на Србија, медиумите под контрола на власта, и Српската православна црква, па и големиот дел од опозицијата за црногорскиот Закон за слобода на религија, на Русија не ѝ треба никаква воена база во Ниш бидејќи ја има цела Србија на располагање. Во обидот за државен удар во 2016 година осудени се осум државјани на Србија, меѓу кои и поранешен командант на српската полиција Братислав Дикиќ, како и двајца осудени ултрадесничари кои Белград одби да ги испорача во Подгорица.

Распишувајќи го референдумот за Брегзит, британскиот премиер Дејвид Камерон, исто така, одигра високоризичен политички потег, за кој малку се веруваше дека ќе се случи и ќе предизвика сериозна криза не само во Велика Британија туку и на целиот европски континент. Хибридните акции на Русите се видливи и тука… Изјавите на претседателот на САД, Доналд Трамп, во врска со Црна Гора, НАТО и трета светска војна беа сосема непримерни, но веројатно се само убедлива и сурова интерпретација на американскиот претседател за сериозни безбедносни процени во кои тој има увид.

Ревитализацијата на големосрпската идеја во моментов тактички му оди во корист на црногорскиот претседател, бидејќи во неговиот табор ги враќа противниците, критичарите и пасивните избирачи. Сепак, факт е и дека Законот за слобода на религија предизвика веројатно најголема криза во регионот од прогласувањето на независноста на Косово. Црна Гора во моментов е политички и безбедносно најранлива членка на НАТО. На Порошенко на изборите не му помогнаа вселенскиот патријарх и воспоставувањето автокефална православна црква во Украина. Народот се сврти против украинските олигарси, корупцијата и дволичната власт во војна со Донбас.

На сличен исход во Црна Гора смета и Амфилохије, кој е моментално фактички најсилната опозициска фигура во земјата. Москва многу инвестираше во поткупување на украинските европски интеграции и добрите односи на Киев со Западот. Најдобриот резултат од таа хибридна војна е победата на изборите на прифатливата политичка марионета за Русија, претседателот Володимир Зеленски.

Приоритет на Москва во Југоисточна Европа останува одвраќање на поранешните социјалистички републики од НАТО и запирање на ширењето на Алијансата. И не само со дипломатски соопштенија, туку и со активно дејствување.

Во Украина поради тоа веќе шест години се води војна, а Грузија од војната со Русија излезе потполно оштетена. Балтичките републики и Полска барале дополнителна безбедносна гаранција и конкретни мерки против руското хибридно дејствување. Иако дигиталните НАТО-тимови се спремни за одбрана на својата најмлада членка, дури сега е сосема извесно дека Русија таа хибридна војна во Црна Гора ја води со аналогна империјалистичка метода со помош на православието.