-->
-->
ХИГИЕНСКА БОМБА: Погледнете какво прашање и постави Горан на Зорица
-->
Пред самиот крај на реалното шоу, односите во куќата на Големиот брат се построги од било кога. За да додаде „масло во оганот“ Големиот брат на станарите им даде задача под име Ден на искреност.Зорица беше скептична во врска со задачата која ќе се одржи во најпознатата куќа во регионот. Гледачите имаа можност да видат како таа и Барбара се снајдоа на жешката столица каде мораа ИСКРЕНО да одговорат на прашања од станарите.
Денот на искреноста прва го отвори Зорица која во свој стил за вообичаен виновник го посочи Горан, а не остана должна ниту на останатите станари.
-Се кажав како што мислам и тоа во лице, започна Зорица, која потоа кажа што мисли за Ервин и Барбара.
На тоа се надоврза и Горан кој и постави прашање, за нејзините хигиенски навики.
- Како тоа си спакувала само три пара чорапи, а знаеше дека тука ќе бидеш три месеци?
По ова прашање Зорица потполно полуде.
По Зорица, на жешката столица седна Барбара, која го кажа своето мислење за Дарко и Зорица, на кои им замерува дека не го кажуваат своето мислење и дека се е во ред.

Горан во свој стил на овие „изливи на емоции“ ги „преги „превртуваше“ очите, а дали ќе му биде толку досадно кога и тој самиот ќе седне на жешкиот стол ќе видиме во следните денови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

24-годишен тетовец со тврд предмет ја нападнал својата мајка
-

Ангелов и Јанчев: Пожарот во Кавадаречко се очекува до крајот на денот да биде изгаснат во целост
-

Македонија прва во Европа по растот на минималната плата
-

„Анима Мунди“ апелира за заштита на животните за време на топлотниот бран
-

Бензинот поевтинува, дизелот поскапува – нови цени на горивата од полноќ
-

Во 44 акции против незаконски риболов на Охридското Езеро приведени две лица, запленети 25 мрежи и 702 белвици
-

Наместо од психолог и пријатели – младите му се доверуваат на AI и бараат помош и совети од чет-ботови
-

Од полноќ нови цени на горивата
