Хил: Чувствувам напредок, најважен е фактот дека Приштина треба да ја формира ЗСО
Американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил, синоќа во Прешево изјави дека чувствува напредок во дијалогот меѓу Белград и Приштина и дека според него „еден од најважните елементи на сето ова е фактот што Приштина треба да ја формира Заедницата на српски општини“, пренесе Бета
-Секако дека има и други работи што Приштина треба да ги направи, но мислам дека сето тоа води кон подобра ситуација со Европската унија и всушност ова може да се гледа како договор меѓу Приштина и Брисел, рече Хил и додаде дека „ истото може да се каже и за српската страна“.
Амбасадорот додаде дека верува оти претставниците на Брисел имаат „голема заслуга“ за овој договор.
-Господин Лајчак, особено господин Борел, кој „потроши“ 12 долги часови додека имаше многу други важни работи во врска со Украина, се занимаваше со проблемите на Србија и Косово, рече Хил во изјавата за новинарите по средбата со градоначалникот на Прешево, Шќиприм Арифи.
Хил, исто така, кажа дека е јасно „дека САД апсолутно 100 отсто го поддржуваат она што ЕУ сака да го направи“, пренесе Бета.
Тој нагласи дека САД, иако не се страна во дијалогот, се сметаат себеси за дел од тој процес и ќе продолжат да се ангажираат во него.
Ново на Сител
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера
-
Во Кочани одбележана 119-годишнината од загинувањето на Никола Карев
-
Сончево со мала до умерена облачност, следува период на релативно топло време
-
Саливан: САД засега немаат системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ кои би можеле да ги испратат во Украина
-
Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтеровата скала го погоди југозападниот дел на Јапонија
-
Промовирана новата генерација полициски службеници
-
Претрес во Штип, пронајдена дрога