Свет
17. July 2015 - 10:51

Хилари Клинтон: И јас не им верувам на Иранците

Кандидатката за претседател на САД од Демократската партија, Хилари Клинтон изјави дека критичарите на договорот за иранската нуклеарна програма имаат „аргумент кој заслужува внимание“.

- Има луѓе од другата страна на овој спор, кои јас ги почитувам и кои многу јасно велат дека не можат да го поддржат договорот и го сметаат за грешка. Тие се убедени дека Иранците ќе измамат, истакна Клинтон.

Хилари смета дека „нивните аргументи заслужуваат внимание и треба да се видат какви се алтернативите“, додавајќи дека ниту таа „не им верува на Иранците“.