-->
-->
Хилари Клинтон се подбивала со „будалестиот“ Дејвид Камерон
-->
Поранешниот државен секретар на САД и сега еден од кандидатите на Демократската партија, за номинација за американските претседателски избори идната година, Хилари Клинтон се подбивала со, како што го нарекувала „будалестиот“ Дејвид Камерон, пишуваат лондонските медиуми.
Станува збор за еден од многуте електронските пораки што таа во 2009 година, како шеф на американскиот Стејт департмент ги разменувала со својот близок советни Сидни Блументал, преку својата лична е-маил адреса, а за кои беше наложено да бидат публикувани и прикажани на домашната јавност.
Повод за подбивањето со Камерон, кој во тоа време беше лидер на британската опозиција, е најавата на неговите планови да го попречува спроведувањето на Лисабонскиот договор на ЕУ.
Размената на електронските пораки меѓу Клинтон и Блуманетал открива дека тие стравувале оти таквата работа на Камерон може сериозно да им наштети на неговите (британските) односи со европските лидери.
Според Блументал, таквата политика на Камерон (ако стане британски премиер) може да се означи како „провокација„ против Германија и канцеларот Ангела Меркел.
„Тоа е толку соголувачко и будалесто„- реагирала Клинтон на ваквото предупредување од нејзниниот советник.
Размената на електронски пораки меѓу Хилари Клинтон и нејзниот советник доаѓа по писмото што во 2009 година. Камерон, тогаш само како лидер на опозициската Конзервативна партија, му го напишал на чешкиот претседател во тоа време, Вацлав Клаус, познат евроскептик и нескриен „тачерист„.
Во писмото, Камерон му сугерира на Клаус да не го потпишува Лисабнскиот договор.
Со овој документ на ЕУ, беше засилена интеграцијата меѓу земјите членки на Унијата, кои го загубија дотогашното право на вето во многу области.Со договорот се определи и созадавање на дипломатска служба на ЕУ, со именување на Висок претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност, а се определи и изборот на претседател на ЕУ.
Еден од силните кандидати за таа функција, во тоа време, беше поранешниот братански премиер Тони Блер, кој ја имаше дискретната, но силна подршка на официјален Вашингтон, а посебно на тогашниот државен секретар, Хилари Клинтон.
Во својата порака од Блументал, во која го критикува и се подбива со Камерон, сега премиер на Велика Британија, Клинтон забележува дека „будалестите„ постапки на лидерот на британските торивци, можеби ќе помогнат да се „засили„ кандидатурата на Блер.
Поранешниот премиер, никогш формално не се кандидираше за претседателската функција во ЕУ и тој самиот ги прекина навестувањата дека е „силен кандидат„ откако се разбра дека станува збор само за техничка функција. во која претседателот на Европскиот совет има сосема мали и ограничени овластувања.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Рение: ЕК нема намера да забрани ниту една онлајн платформа
-
Протест и во Нови Сад поради газењето студентка за време на блокада во Белград
-
УНМИК загрижен поради затворањето на српските институции во Косово
-
Што ако најубавите нешта во животот веќе ги имате, но не ги гледате?
-
На големот христијански празник Богојавление, Светиот крст ќе биде положен во водите на Радика, досега пријавени над 100 верници
-
Исчезната 71 годишна велешанка
-
Мицкоски: И Апелација докажа дека СДСМ е лажно клеветничка партија, одбиена жалбата на СДСМ
-
Во Грција едно од двете седишта на европската програма за безбедни сателитска телекомуникации GOVSATCOM