Македонија
21. May 2024 - 16:38

Хируршките сали не работат со денови - Бесија Иљази од токсикологија забрани изјави за новинари

Салите затворени, нема операции, итни случаи се препраќаат во други здравствени установи во Скопје. Вака веќе четврти ден функционира хируршкиот комплекс во Мајка Тереза. Дефектот со компримиран воздух повторно направи хаос на скопските клиники. Нема операции, пациенти ги испишуваат со напомена дека ќе им јават кога ќе биде интервенцијата. Извори од клинички велат дека има и смрдеа во салите а проблемот настанал на 18 ти кога и пријавиле во заедничк ислужби.

-После само еден месец повторно нервози кај хирурзите кои не можат да работат но и стресови кај пациенти кои иако чекале со месеци да се најдат на оперативниот програм, си одат дома без извршена интервенција. Се поставува прашањето зошто овој проблем не е решен навреме, а не да имаме ситуација кога сите хируршки сали од најголемиот здравствен комплекс не се во функција со денови.

Извори од клинички велат дека има и смрдеа во салите а проблемот настанал на 18 ти кога и пријавиле во заеднички служби.

Оттаму пак, во одговор за Сител го нарекуваат наводен проблем со комримираниот воздух, бидејќи фирмата што била задолжена за опремата направила проверка и се било во ред.

На ден 18.05.2024 година Сабота пријавен е ,,наводен проблем со компримиран воздух,, до дел од операционите сали во објект Хирургија.

Веднаш е повикана фирмата со која ЈУ од областа на здравството има договор за одржување на опремата, направена е проверка на опремата во компресорската станица. По направената дефектажа и во салите и компресорската подстаница утврдено е дека производството и дистрибуцијата на компримиран воздух до дозните во сите сали е во ред.

Добиена е потврда дека системот може да се користи, по што за истото беа известени и Хируршките клиники. Во меѓувреме сите други корисници на истиот компримиран воздух работат континуирано и без забелешки. Сепак Министерството самостојно одлучи да повика уште една фирма за второ мислење пред да им дозволи да продолжат со работа.

 Но Министерството за здравство побарал уште една фирма за второ мислење и не се знае кога  ќе профункционира хируршкиот блок. 

-Хируршките сали во Клиничкиот центар не се во функција поради проблем со компримираниот воздух. Во тек е сервисирање и се' додека не се осигураме дека е завршено санирањето нема да има интервенции. Пациентите кои имаат потреба од итна интервенција се упатуваат во УК за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ и во Градската општа болница „8 Септември“ за здравствена заштита, велат од министерството.

И додека хируршкиот блок не е во функција, на стотина метри од него се спроведува цензура. Организациската директорка на Токсикологија им забрани на вработентие да имаа тконтакти со новинари и медиуми без нејзино одобрување.

Веднаш реагираа од ЗНМ од каде најавија дека ќе бараат од надлежните одоговорност за директорката но и повлекување на забраната бидејќи како што наведуваат цензурата во земјата е забранета.