Хиса: Падот на Кривокапиќ е добра вест за Косово и за прозападните соседи на Црна Гора
Поранешниот амбасадор на Косово во Црна Гора, Илбер Хиса вели дека падот на Владата на црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ претставува „добра вест“ за Косово и за земјите од регионот кои имаат прозападна ориентација, јави дописникот на МИА од Приштина.
Хиса за ТВ Коха изјави дека сега, по завчерашното изгласување недоверба на кабинетот на Кривокапиќ, се реални шансите лидерот на граѓанското движење УРА, досегашниот вицепремиер Дритан Абазовиќ, да стане нов премиер на Црна Гора.
Косовскиот дипломат вели дека Црна Гора ќе има „не баш лесен период“ и може да се очекуваат протести против новата власт, но падот на владата предводена од Кривокапиќ „секако е добра вест за соседите, особено за оние со прозападна ориентација“.
– Падот на оваа влада е добра вест за Косово, со оглед дека еден од нејзините принципи беше повлекувањето на признавањето на косовската независност и промена на политиката кон НАТО. Новата влада која ќе се формира ќе има опозиција, која знаеме дека се служи со протести на улица. Ќе помине не баш лесен период за Црна Гора, меѓутоа, падот на оваа влада секако е добра вест за соседите, осебно за оние со прозападна ориентација, изјави Хиса.
Според него, „падот на владата на Кривокапиќ е најлогичниот епилог на кризата во која се најде земјата“, со оглед дека „беше невозможно една таква влада, со толку внатрешни разлики, да опстане подолго на власт“.
– Тој (Кривокапиќ), со неговите последни дејствија, практично го оневозможи опстанокот на таа влада, која немаше никакви позитивни резултати. Тоа направи само 11 пратеници да ја поддржат владата и мнозинството да бидат против. Како што дојде оваа Влада, со многу врева од еден манастир, така се чини дека заоѓа во еден политички мрак, изјави Хиса.
По 14-месечно владеење, во петокот, со 43 гласа за и 11 против, Собранието на Црна Гора му изгласа недовераба на кабинетот на Кривокапиќ. Иницијативата за гласање недоверба ја покрена лиерот на движењето УРА, досегашниот коалициски партнер и вицепремиер, Дритан Абазовиќ.
Досегашниот премиер, Кривокапиќ, во неговиот последен јавен настап, на 3 февруари, изјави дека е свесен оти нема да биде веќе премиер и дека владата ќе падне. Тој го обвини Абазовиќ дека од поодамна планирал да ја урне владата и дека црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ е дел од тие договори.
По изгласувањето недоверба на кабинетот на Кривокапиќ, Абазовиќ изјави дека ќе започнат преговори за формирање нова извршна власт и дека има неколку опции, при што не се исклучуваат ниту предвремените избори.
Ново на Сител
-

ДИК: Вкупно 107 болни или немоќни и 9 лица кои се на издржување казна затвор можат да гласаат на вториот круг во Брвеница
-

Бројот на смртни случаи од ебола во Конго надминува 5.000
-

Лавров по состанокот на Г20 во Атланта : Нема подобрување на односите меѓу Русија и САД
-

Утре втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница, денеска гласаат болните
-

Облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Денеска се празнува Светиот апостол и евангелист Лука
-

Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на АЛТА банка
-

Се бара нов 48-часовен притвор за четворицата осомничени за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче
