Балкан
8. May 2017 - 9:51

Хит: Младоженецот и невестата на венчавка дојдоа на комбајн

Кога размислуваме за денот на венчавката обично во мислите ни е освен згоден партнер односно партнерка и некоја луксузна лимозина.

Но, изгледа дека тие работи се индивидуални.

Тоа го покажаа и младенците од Кисаќ кои кај сватовите, наместо со скапи автомобили, дојдоа со комбајн.

Големиот зелен комбајн беше накитен како стандардна лимозина во која младенците обично сакаат да се возат на овој важен датум.