ХИТ НА ИНТЕРНЕТ: А бе, се дерат надвор, гол даде, гооол!
Група навивачи станаа хит со својата реакција на победничкиот гол. Еден од нив стоеше на балконската врата и слушаше дали соседите, на кои сигналот не им доцнеше, веќе се радуваат за постигнатата победа.
Додека пред телевизорите некои гризеа нокти во исчекување дали Вардар ќе даде гол за победа, други веќе се радуваа. Причина за тоа е што телевизискиот сигнал пристигнуваше различно од телекомуникациските оператори. Така, имаше повеќе смешни ситуации, во кои дел од навивачите пред телевизорите веќе се радуваа за секој постигнат гол, додека други мораа да почекаат десетина секунди за да ја видат истата акција на ТВ-екраните.
Оваа група на навивачи стана хит со својата реакција на победничкиот гол. Еден од нив стоеше на балконската врата и слушаше дали соседите, на кои сигналот не им доцнеше, веќе се радуваат за постигнатата победа.
Кога го слушнаа радувањето однадвор, веќе беше јасно дека Вардар е ракометен шампион.
Оригиналната снимка е објавена на Инстаграм, на профил на Александар Ризевски, кој е веројатно еден од момците во оваа весела навивачка дружина.
Ново на Сител
-
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан Бајрам
-
Во земјотресот во Мјанмар, кој беше почувствуван во Тајланд, во Бангкок загинаа 18 лица
-
Вулин: Блокадите во Србија ќе завршат во следните месец дена
-
Муслиманите го слават Рамазан Бајрам
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
-
Делумното затемнување на Сонцето видливо од поголемиот дел од Европа
-
На аеродромот во Вашингтон избегнат судир на патнички и воен авион
-
Бенон: Трамп може да оди во затвор доколку во Белата куќа влезе демократски претседател