Хофер и Ван дер Белен влегуваат во вториот круг на изборите во Австрија
Кандидатот на Слободарската партија на Австрија (ФПО) Норберт Хофер е убедлив победник на претседателските избори во Австрија, и тој ќе влезе во вториот круг гласање против кандидатот на Зелените Александер ван дер Белен.
Според официјалните прелиминарни резултати, врз основа на 99 отсто од преброените гласови, Хофер освоил 36,4 отсто од гласовите.
На второ место е Ван дер Белен со 20,4 отсто од освоените гласови, пред независната кандидатка Ирмгард Грис, која освои 18,5 отсто од гласовите.
Јасен пораз претрпеа владејачките партии Социјалдемократската партија (СПО) и нејзиниот кандидат Рудолф Хундсторфер и Народната партија (ОВП) Андреас Кол освоија по 11,18 отсто.
Шестиот кандидат Рихард Лугнер освоил пред се 2,4 отсто од гласовите.
Официјалните прелиминарни резултати не ги содржат гласовите на избирачите предадени преку пошта, што нема битно да влијаат на исходот, т.е. на влегувањето на Хофер и Ван дер Белен во вториот круг гласање. нд/09:22
Ново на Сител
-
Субвенции за сончоглед
-
Преглед на вестите од светот
-
Трет обид за ликвидација на Раде Трајковски Штекли - Фрлена бомба во двор на неговата куќа
-
Собранието ја стартува расправата за буџетот, поднесени над 300 амандмани
-
Таравари до Ахмети: Наместо избори, работете на реформи во партијата и адаптација во опозицијата
-
Утре стартува јавната дебата за реформи во судството
-
Само 12% од компаниите имаат вработени ит експерти, Македонија зад европскиот просек
-
Социјално ранливите се борат со глад