Хојт Ји: Договорот меѓу Македонија и Бугарија е важен за целиот регион
Го поздравувам Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Македонија. Тој е важен за народите на Република Бугарија и на Република Македонија, но и за целиот регион, изјави заменик помошникот на државниот секретар на САД за Европа и Азија, Хојт Брајан Ји на средба со бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.
Според соопштението на бугарското МНР, двајцата разговараа во Словенија во рамки на стратешкиот Форум во Блед.
- Едно од најголемите придобивки на тој договор е дека е изработен без странска помош, со што покажавме дека прашањата ги решаваме без посредници, истакна Захариева.
Ји изрази надеж дека „договорот ќе овозможи одлична атмосфера, во која Република Македонија ќе ги подобри односите и со другите соседи“.
Захариева и Ји разговараа и за актуелната политичка ситуација во регионот и иницијативите на Бугарија во надворешната политика.
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски - Макрон
-
Квалитетот на високото образование зависи само од политичката волја во државата
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
Преглед на вестите од светот
-
Орбан домаќин на европските лидери – Мора да се прилагодиме на новата реалност по победата на Трамп
-
Кос бара уставни измени
-
Камала Харис го призна поразот: Веќе се „крчка“ кабинетот на Трамп
-
Опозицијата се уште зборува за предвремени избори