Холандија: Секој четврти имигрант е од „безбедна“ земја

Холандската Влада денеска соопшти дека секој четврти имигрант кој од почетокот на годинава побарал азил во таа земја, потекнува од држава која се смета за „безбедна“, што значи дека не ги исполнуваат условите за статус бегалци.
Во соопштението на холандската Служба за имиграција и натурализација се наведува дека четвртина од 4.400 луѓе кои оваа година првпат побарале азил потекнуваат од регионите на Западен Балкан, како Албанија, Србија и Косово, пренесува Танјуг.
Во текот на минатата година во Холандија азил побарале 59.000 имигранти.
Со оглед на тоа дека холандските власти бараат начин како да излезат на крај со приливот на имигранти, оние кои бараат азил од земјите кои се безбедни сега веднаш се одбиваат и на тие луѓе повеќе не им е дозволено во Холандија да го чекаат исходот од своите желби, па мораат веднаш да ја напуштат земјата.
Ново на Сител
-

Отворен иновативниот парк N99 Deep Tech Park
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Румен Радев е нов премиер на Бугарија, односите со Македонија не беа дел од првото обраќање
-

Македонија без многу очекувања од новата бугарска Влада
-

ВРЕДИ утре станува партија
-

Советничка на ЗНАМ ја напушти власта
-

Од понеделник поевтинуваат горивата?
-

ОЈО ќе го испитува случајот со заканите од 7-мо одделенецот во Битола
