Холандија: Специјалците имале дозвола да пукаат во турскиот Конзулат
Градоначалникот на Ротердам Ахмед Абуталеб изјави дека специјалните вооружени безбедносни сили, кои во саботата навечер ги испратил во турскиот Конзулат, каде се наоѓала турската министерка за семејство и социјална политика Фатма Бетјул Сајан Каја, имале дозвола да отворат оган доколку има потреба.
Абуталеб синоќа наведе дека испратил специјална единица за вооружени интервенции во турскиот Конзулат поради стравување дека дванаесетчленото обезбедување на турската министерка можеби е вооружено.
- Беше важно да бидеме сигурни дека во случај да дојде до судири, ќе бидеме надмоќни, нагласи Абуталеб, додавајќи дека на холандската специјална единица и била дадена „дозвола да отвори оган“.
Турската министерка во неделата, рано наутро, во полициска придружба беше испратена од Холандија до границата со Германија.
Ново на Сител
-
Сиљановска во Полска
-
Загаден воздухот во Охрид
-
Српскиот премиер си поднесе оставка
-
Преглед на вестите од светот
-
Пoглаварите на МПЦ и СПЦ и високи гости од Србија, Р. Српска и Црна Гора на Светославска академија во Скопје
-
Светосавска академија во МНТ, патријархот Порфириј меѓу гостите во Скопје
-
Тема на денот со Иван Стоилковиќ, вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците
-
Побарано изземање на обвинителката во случајот со убиствата на Вања и Панче