-->
-->
Холандската клупа посилна за Гулит
-->
Легендата на холандскиот фудбал Руд Гулит ќе биде дел од стручниот штаб на Холандија на позицијата помошник, која остана празна откако Дик Адвокат замина и реши да се врати во клупскиот фудбал и да биде тренер на Фенербахче од Истанбул.
Гулит своите видувања веќе му ги пренел на селеторот Дени Блинд, а во својата кариера како тренер работел во премиерлигашите од Англија, Челзи и Њукасл, потоа во Феенорд (Холандија), Лос Анџелес Галакси (САД) и Терек (Русија).
Како играч Гулит настапуваше за ПСВ и Милан, а беше капитен на репрезентацијата на Холандија, која во 1988 година ја освои титулата европски шампион.
Холандската репрезентација доживеа неуспех во квалификациите за ЕУРО 2016 откако не успеа да обезбеди пласман на завршницата. Собаротката со холандската федерација ќе трае најмалку до Светското првенство во Русија во 2018 година. Во последните пет години Гулит е без ангажман.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ
-
Мицкоски: Обвинителството да открие зошто сум бил следен
-
СДСМ бара оставка од членката на антикорупциска Данка Ристовска поради судир на интереси
-
Тошковски: Не е утврдена вина кај полицаецот од Куманово кој го симна албанското знаме
-
Што сработе МВР во 2024
-
На вонредна седница на Влада ќе ги замрзнеме цените ако има нагло поскапување, рече Дурмиши
-
Со пакет од четири закони до департизација на јавниот сектор