-->
-->
Холандски крави станаа жртви на спорот меѓу Анкара и Хаг
-->

Турското Здружение на производители на месо донесе одлука да „протера“ 40 холандски крави, во знак на протест затоа што Владата во Хаг да не им дозволи на турски министри да одржат митинзи во Холандија во пресрет на уставниот референдум во Турција.
Како што објави турскиот весник „Хуриет“, претседатлот на Здружението, Булент Тунк изјави дека во знак на протест решиле да вратат во Холандија симболичен број крави.
- Доколку Холанѓаните не ги примат кравите назад, ние ќе ги однесеме во кланица, а потоа ќе го подариме нивното месо, додаде Тунк.
Поради спорот меѓу двете земји, Градското собрание на Истанбул вчера донесе одлука да го раскине Протоколот за збратимување со холандскиопт град Ротердам.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Обвинителството бара притвор за десетмина инволвирани во увозот на нелегални ботокси и филери
-

Тема на денот со Изет Меџити, ВРЕДИ
-

Обвинителството бара притвор за 12 од приведените
-

Преглед на вестите од светот
-

Еден загинат и четворица повредени градежници во Кисела Вода
-

Синдикатот на градежници бара инспекциски надзори пред трагедија, а не откако ќе загине работник
-

Кој се е инволвиран во илегалниот увоз на ботокси и филери?
-

Подготвително рочиште за деветтемина полицајци обвинети за поврзаност со пожарот во „Пулс”
