Холандскиот репрезентативец Клоф на прв тренинг со МЗТ Скопје

На десетина дена пред отворањето на европската сезона и дуелот во Белград со актуелниот шампион на АБА-лигата, Црвена звезда, тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Емил Рајковиќ за првпат одржа тренинг на кој беа сите првотимци на кои смета за исклучително напорната сезона која е пред шампионот.
Денешниот утрински собир беше прв за Шарлон Клоф, Марко Симоновски и Љубомир Младеновски, а на паркетот беше и дебитантот во репрезентацијата на Македонија, Адем Мекиќ.
Клоф вчера на пладне пристигна во Скопје по периодот минат во репрезентацијата на Холандија, со која не успеа да се пласира на ЕП 2017, најмногу поради високиот пораз на домашен терен во последното коло од Германија (51:82).
Засилување на МЗТ Скопје беше сосема солиден во холандскиот национален состав и на шесте квалификациски средби беше најпрецизен кај Холанѓаните со просек од 13,2 заедно со 5,3 скока и 3,2 асистенции за речиси 30 минути поминати на паркетот.
Симоновски, пак, воопшто не настапи за македонскиот национален тим поради повреда и рехабилитација од неа. Младеновски ги одигра сите шест мечеви со просек од 2,7 поени и 2,8 скока додека Мекиќ настапи на три средби со вкупно пет постигнати поени, први во својата репрезентативна кариера на сениорско ниво.
„Сино-белите“ од Аеродром изминатиов викенд настапија на силниот меѓународен турнир „Мирза Делибашиќ“ на кој во петочното полуфинале загубија од Будуќност во меч во кој поради стомачен вирус не настапи Џош Скот, а утредента ја совладаа Босна Ројал за трето место на крајот од меморијалниот собир.
Ново на Сител
-

МЗ: Забележано почетно намалување на бројот на новoпрегледани пациенти во Гостивар, активно се следи состојбата на терен
-

Бернам: На Велика Британија и треба нов политички и економски модел
-

Собранието ја донесе одлуката за продолжување на кризната состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври
-

Безбедна е водата за пиење во Скопје
-

Комбе со српски туристи на пат кон Грција излета од патот кај Велес, возачот наводно заспал
-

3.100 затруени во Гостивар
-

СОЗР ги објави локациите во Гостивар каде ќе се дистрибуира вода за населението, денеска испорака на 76.000 литри
-

Резултатите за водата во Гостивар ќе бидат објавени кога ќе одобри Обвинителството
