Холанѓанец собори Гинисов рекорд како пациент кој речиси 40 години живее со донирано срце
Берт Јенсен (57) од Холандија речиси 40 години живее со донирано срце што го доби во болницата Харефилд во Укбриџ, северозападен Лондон, во 1980-тите, со што се запиша во Гинисовата книга на рекорди како пациент кој најдолго живее по трансплантација на срце.
Таткото на две деца и пилотот на едрилица рече дека е „чест“ да се достигне рекордната пресвртница, но сепак е благодарен за „неверојатниот подарок“ што го добил од донаторот, пренесува Би-Би-Си.
„Никогаш не можев да замислам дека ќе дојдам толку далеку“, рече Јенсен, додавајќи дека поставил репер за другите кои сега имаат доказ дека е можно долго да се живее со донирано срце.
На новиот рекордер му била дијагностицирана кардиомиопатија, болест која влијае на способноста на срцето да пумпа крв низ телото, кога имал 17 години, откако развил симптоми слични на грип.
Неговата операција беше 107-та трансплантација во болницата Харефилд.
Ново на Сител
-
Уапсен 62-годишник од Штип, физички ја нападнал снаата
-
Пронајдени две ловечки пушки и муниција при претрес на возило
-
18-годишна девојка од Скопје се оддалечила од својот дом
-
Зеленски: Подготвен сум да поднесам оставка ако тоа донесе мир во Украина или членство во НАТО
-
Коло на гостите Шкендија на лидерската позиција
-
Без струја утре дел од општините Бутел и Карпош
-
Без вода утре дел од Центар
-
Почина 21-годишен осуденик, имал знаци на труење