Хонг Конг: Делумно отворено метрото и некои продавници
Метрото во Хонг Конг денеска е делумно отворено, а повеќето станици останаа затворени поради вчерашните протести.
Насилните протести ескалираа откако лидерката на кинеската територија Кери Лам по повеќе од 50 години воведе закон за вонредни ситуации од колонијално време, со кој се забранува носење маски за лице.
Операторот на метрото „МТР Корп” вчера соопшти дека мрежата, низ која дневно се превезуваат пет милиони патници, нема да работи, а затворени беа и некои трговски центри и супермаркети. Демонстрантите палеле огнови на станиците и во еден празен воз, при што се повредени двајца работници во метрото, додаде МТР.
Повеќето трговски центри, супермаркети и филијали на банки денеска повторно се отворени.
Насилството во Хонг Конг ескалираше во вторникот на 70-годишнината од Народна Република Кина, кога полицијата исука околу 1.800 плутони солзавец, 900 гумени куршуми и шест борбени куршуми, од кои едниот рани 18-годишно момче кое подоцна беше обвинето за предизвикување немири и напад врз полицаец.
Протестите подоцна се проширија на барања за поголема демократија и помалку влијание од Пекинг врз внатрешните работи на автономната провинција.
Ново на Сител
-
Инспекторатот на Општина Карпош провери 50 градби и изрече 26 казни
-
Синдикалната минимална кошница за април 2025 година изнесува 62.691 денари
-
Во Битола ќе се врши вонредно заловување на кучиња скитници во центарот на градот
-
Советот на Народната банка на седница ги усвои Годишниот извештај и Извештајот за ризиците во банкарскиот систем за 2024 година
-
Намален е бројот на годишни пријави за семејно насилство во Куманово
-
Собранието ќе добие ново лого
-
Домот на Фатмир Битиќи мета на крадци, украден сеф со злато, пари и рачни часовници
-
Собранието во рамки на 44. седница без расправа донесе повеќе законски решенија