ХОРОР: 23 годишната Хана го скрши грбот бегајќи од силувач

23 годишната Хана Гавиос се загубила на одмор на Тајланд и влегла во локална туристичка продавница да праша за правец кон хотелот. Вработениот и понудил да ја одведе до хотелот – наместо тоа ја одвел подлабоко во џунглата и се обидел да ја силува. Бегајќи од него, кутрата девојка паднала во провалија и го скршила грбот, пренесува Канал 5.
– Беше доцна, околу 23 часот. Не знаев каде сум и влегов во продавница каде прашав за насоката кон хотелот. Ми рекоа дека е опасно толку доцна да одам сама и предложија да одам со нивен вработен кој ќе ме однесе до хотелот – го раскажува ужасниот инцидент младата Американка.
– Немав добро чувство во врска со него, но бев уморна исакав што побргу да стигнам. Додека одевме постојано го прашував дали одиме по вистинскиот пат. Во еден момент ме грабна, сакаше да ме турне на земја и почна да ме соблекува – вели Хана.
– Почнав да го удирам и да го гризам, успеав да се оддалечам во спротивната насока од онаа во која одевме и почнав да трчам. Но беше многу темно, и следниот момент паднав од работ на ридот – лебдев во воздухот – мислев дека ќе умрам!

– Додека паѓав неколку пати ја удрив главата, а кога паднав на земја почувствував огромна болка, не можев да мрднам…
Но, хоророт не завршил тука. Нејзиниот напаѓач, 28 годишниот Апаи Руенгворн, не престанал со малтретирањето. Ја слушнал како вика и се симнал до неа. Почнал да плаче и изгледало дека се чувствува виновен.
– Му реков да повика помош, и се јавуваше некаде, но никој не доаѓаше. Бев заглавена со луд човек! – вели Хана.

Набргу напаѓачот легнал врз беспомошната и повредена девојка, чиј рбет бил тешко повреден, и почнал да мастурбира врз неа!
– Не ме силуваше но направи се друго. Навистина мислев дека ќе умрам. Морав да седам мирна бидејќи кога и да викнев, ме давеше. Морав да молчам.

По неколку часа тој заминал и се вратил со други луѓе кои повикале помош. Хана е сега во болница во Бангкок, а нејзините родители допатувале од Њујорк за да бидат со неа. Руенгворн минатиот четврток признал дека се што Хана зборува е вистина, и сега го очекуваат неколку години затвор.
– Полицајците ме убедуваат дека ќе биде во затвор од 5 до 10 години – вели Хана која полека закрепнува од тешките повреди по трауматичната ноќ на Тајланд.






Ново на Сител
-

Светските лидери го осудија вооружениот инцидент во Вашингтон
-

Уапсен возач кој во Кичево удрил 60-годишен пешак и го повредил
-

Од вторник до крајот на неделата повремени врнежи, на места пороен дожд со грмежи и пониска темепература
-

Путин им се заблагодари на севернокорејските војници за помошта при ослободување на Курската област
-

Николоски: ЕУ помага за изградба на коридорите, Македонија има уникатна положба и сакаме економски да ја искористиме
-

Арагчи повторно ќе го посети Пакистан
-

Првата линија од Градски воз во функција од 1 септември
-

Трамп објави видео од напаѓачот во хотелот
