Живот
6. March 2019 - 14:28

Хорор бањање во Индија: Тренер по лизгавиот под дал погрешна команда, кога животното го послуша, веќе беше доцна

Индиецот Арун Паникар (40) во неделата во јужна Индија бањал слон во Карапуџа во округот Котаиам во Керала.

Тој сакал слонот да легне за да му го измие грбот, а на снимката од ебзбедносните камери може да се види дека постојано го удира со стапот.

Додека замавнува со своето стапче, изгледа дека се лизнал по влажниот бетон, токму во моментот кога слонот одлучил да седне.

Другиот работник побрзал да му помогне на несреќниот човек, но било предоцна. Работникот отишол по стапот за да му комадува на животното да стане, но кога Паникар е ослободен, веќе бил мртов.

Докторот подоцна утврдил дека човекот бил мртов штом животното седнало врз него.