Хорор го потресе регионот: Баба на бебе му дала петарда во раце, му ја разнело десната дланка
Девојче на возраст од година ипол од село во близина на Нови Пазар денеска е итно оперирана во Општата болница во тој град поради тешки повреди здобиени на десната дланка кои настанале од експлозија на петарда.
Девојчето потоа со лекарска екипа со санитетско возило итно е упатено на Институтот за мајка и дете во Белград на одделението за пластична хирургија.
Неофицијално, на детето му се целосно здробени два прста и дел од десната дланка.
Според се уште непроверени податоци бебето денеска попладне во раце го држела баба, која во еден момент му дала петарда.
Меѓутоа не е познато дали петардата веќе била запалена или некако дошло до активирање додека петардата детето ја држело во рака, па брзо дошло до експлозија која на детето му ја разнело десната дланка.
Според зборовите на портпаролот на Општата болница во Нови Пазар, д-р Суада Гициќ - Скендерија на Одделението за детска хирургија денеска во 13.15 часот е примено девојче од едвај година ипол дена поради сериозни повреди на десната дланка здобиени од експлозија на петарда.
-Поради комплетно здробување на палецот, показалецот и дел од зглобот на десната дланка детето е итно оперирано, а по примарниот хируршки зафат, со санитетско возило е упатено во Белград на одделението за пластична и реконструктивна хирургија на Институтот за мајка и дете. Апелираме на нашите сограѓани дека петардите, другите пиротехнички средства и експлозивните направи не се играчки, дека повредите предизвикани од нив може да имаат трајни и фатални последици по нечие здравје, и дека децата не смеат да бидат жртви на неодговорни возрасни, рече д-р Гициќ - Скендерија.
Ново на Сител
-
Маск: Зеленски „се храни од мртвите тела на војниците“
-
Чешката скијачка Нова веќе не е во кома
-
Хамилтон: И да освојам титула нема да застанам тука
-
Издадени над 18 илјади платни налози за прекршоци во сообраќајот од почетокот на месецот
-
Рубиалес парично казнет за бакнувањето фудбалерка
-
Можна градска пресметка Реал Мадрид – Атлетико во осминафиналето во ЛШ
-
Билјана Каракашева Шулев нова заменик претседателка на ДКСК
-
Халанд: Заедно повторно ќе се издигнеме