Балкан
29. January 2017 - 11:10

Хорор: Ја заклал мајка си, па крвав влегол во МВР и се предал

Во стан во улицата Михаил Булгаков во Белград пронајдено е тело на жена, објави Танјуг повикувајќи се на извори од МВР. Жената е заклана, злостроството неофицијално се случило ноќеска меѓу 3 и 4 часот.

Неофицијално, несреќната жена ја заклал синот, кој бил психијатриски пациент. Тој наводно, утрово крвав влегол во зградата на МВР и се предал на полицијата.

Во Итната помош сопштиле дека екипата е повикана утрово во 5 часот и 15 минути.