Балкан
5. April 2016 - 10:27

Хорор на автопат: Шлепер покоси четворица војници

Припадниците на Војската на Србија Бојан Ѓокиќ (26), Војко Илиќ (51), Србољуб Савиќ (61) и Слободан Богдановиќ (56) се повредени вчера во тешка сообраќајна несреќа која се случи на автопатот кај Велика Плана кога се преврте военото комбе „ситроен“.

До несреќата дошло во моментот кога на комбето кое инаку било паркирано во лентата за запирање, налетал шлепер со унгарска регистрација.

-Мајсторите кои работат во Военоградежната установа Белград застанале во близина на Старо село за да се одморат, а во моментот на несреќата тројца биле надвор од комбето. Меѓутоа од непознати причини, камионот налетал на нив и го турнал комбето кое накрајот се превртело преку банкината. Возачот на унгарскиот камион е Србин В.С. (27) и засега се претпоставува дека заспал, па во полна брзина се удрил во комбето, велат извори од истрагата.

Повредените војници се префрлени во болницата во Смедеревска Паланка, а еден од припадниците на војската е тешко повреден, додека еден поминал без повреди.

Foto-ilustracija: Milena Đorđević

– Бојан Ѓокиќ се наоѓа на интензивна нега и е опериран, зошто од силината на ударот му пукнала слезината. Тројца се полесно повредени, имаат модринки, но за нивната состојба поточно ќе се знае кога ќе завршат прегледите во болнциата во Смедеревска Паланка, вели соговорник.

Инаку, директорот на болницата „Стефан Високи“ порача дека засега е неблагодарно да се прогнозира текот на лекувањето.

-Војко Илиќ има рана на десното рамо и нагмечување, а Србољуб Савиќ има скршеница на левата подлактица. Тие исто така се згрижени и се наоѓаат вон животна опасност. Слободан Богдановиќ по деталниот преглед и снимање со скенер е пуштен на домашно лекување, вели тој.