Хорор: Патник во воз избоден со нож
Едно лице, патник во воз во Лондон, е тешко повредено од убоди со нож во телото, од напаѓач кој низ возот „прогонувал муслимани за да ги убива“.
Инцидентот се случи во возот, додека се приближувал кон станицата во населбата Форест Хил, во југоисточниот дел на британскиот главен град, предизвикувајќи паника и вознемиреност кај другите патници и меѓу лугето на железничката станица.
Била повикана полицијата, која го запрела возот и го блокирала целиот простор околу станицата и пристапните патишта кон неа, по што е уапсено едно лице.
Неговиот идентитет не се открива, освен дека станува збор за маж на 38-годишна возраст. Тој е обвинет за нанесување тешка телесна повреда.
Полицијата соопшти дека инцидентот не го третира како терористички напад, туку како кривично дело врз верска и расна омраза.
Сведоци изјавиле за лондонските медиуми дека напаѓачот заканувајќи се со ножот, трчал низ вагоните, врескајќи дека бара муслимани, за да ги убива.
Во еден вагон наишол на жена облечена во хиџаб, но неа не ја нападнал, тврдејќи дека бара мажи-муслимани за да им се одмаздува.
Патниците во возот и луѓето на станицата изјавиле дека тој и на перонот ги прогонувал сите на кои ќе наишол. извикувајќи дека сите муслимани „треба да се убиваат“ како и дека „треба да се вратат во Сирија“.
Полицијата не го открива идентитетот на повредениот патник, За него се вели дека е маж на 40 годишна возраст и дека неговите повреди се тешки, но дека тој не е во животна опасност.
Ново на Сител
-
Променливо облачно со повремен дожд
-
Мицкоски: Ќе направиме сѐ што е потребно за економски и социјален препород на Кочани
-
УЕФА истражува четворица играчи на Реал Мадрид
-
Најмалку шест луѓе загинаа при потонување на туристичка подморница во близина на Хургада
-
Во текот на ноќта се очекуваат пообилни и интензивни врнежи од дожд на целата територија на земјата
-
Зеленски по самитот во Париз: Русија не сака мир, туку уште територија
-
Макрон: Не може да има укинување на санкциите за Русија пред да се воспостави мир во Украина
-
Синдикатот на УПОЗ со поддршка на ранетата службеничка и на вработените во ЦСР-Прилеп, најавеното обезбедување што побрзо да се реализира