-->
-->
Хорор по свадбата - Кумовите пронајдени мртви
-->
Патрик (27)и неговата девојка Лара (22) биле кумови на свадба кај пријател во Истра, а нивните беживотни тела се пронајдени во апартамн. Таинствената смрт на малиот љубовен пар по свадбата на пријателот ја шокираше цела Хрватска, а најмногу родителите, роднините и пријателите на починатите, сватовите, а посебно младите сопружници Зоран и Ана С, чија венчавка одбележа смрт.
- Беше сабота. Дваесетина пријатели дојдоа да се провеселат на свадбата. Веселбата како што вели синот на сопственикот на хотелот, траела до раните утрински часови. Десетина од нив преспале на спратот. некои велат дека било прилично весело. Во едната соба на поткровјето биле сместени Патрик (27) и неговата девојка Лара (22).
Во неделата сабајлето, нешто после девет часот, ги чекале Патрик и Лара да се симнат за појадок, меѓутоа, тие не се појавиле, па одлучиле да им тропнат на вратата мислејќи дека се уште спијат. На тропањето не одговарале па пријателите влегле во собата. На креветот ги здогледале беживотните тела на младиот пар. Виканале Итна помош и полиција. За девојката и момчето немало спас.
Според неофицијалните информации, на нивните тела немале траги на насилство. Ни во собата немало никакви траги на борба или нешто слично.
Полицијата води истрага за оваа таинствена смрт.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Постепено забрзување на економскиот раст и просечна инфлација од 3,5 отсто, предвидува Народната банка
-
До четврток посвежо со локална нестабилност и пообилни врнежи
-
Германската амбасада со честитки до Силјановска Давјкова за преземањето на нејзината улога како прва жена претседател
-
„Политико“: Силјановска-Давкова предизвика расправии со Грција уште при полагањето заклетва
-
ДИК ќе одлучува по однос на пристигнатите приговори од парламентарните избори
-
За брзо возење казнети 553 возачи
-
Руската армија тврди дека неутрализирала 31 украински дрон