-->
-->
Хорор почеток на НБА: Хејворд се здоби со фрактура на скочниот зглоб во дебито за Бостон!
-->
Новата сезона во НБА лигата започна на најлош можен начин, со тешка повреда на кошаркарот на Бостон Селтикс, Гордон Хејворд.
Хејворд имаше незгоден доскок по еден напаѓачки скок на премиерниот меч во новата сезона против Кливленд. Крилниот играч, кој во летниот преоден рок пристигна од Јута Џез како големо засилување се здоби со фрактура на скочниот зглоб и за него сезоната е веќе завршена.
Хејворд во 2010 година беше девети пик на драфтот. НБА кариерата ја почна во Јута Џез, а во летниот преоден рок се пресели во Бостон Селтикс. Тој со Бостон потпиша четири годишен договор вреден 128 милиони долари.
Крилниот играч во седумгодишната НБА кариера има просек од 15,7 поени, 4,2 скока и 3,4 асистенции.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Бугарија бара редефинирање на македонскиот идентитет, да се обединиме со опозицијата против тоа
-

Внатрешна контрола при МВР ќе го истражува осветувањето на полициските возила
-

Клуч на врата за маркетите кои не го почитуваат законот, најави премиерот
-

Белата куќа: И воена силa е опција за завземање на Гренланд
-

Преглед на вестите од светот
-

Божиќ - Празник на Христовото раѓање
-

Балканскиот Ерусалим исполнет со верници
-

Преглед на вестите од светот
