Балкан
16. August 2016 - 8:38

Хорор: Се запали глисер во Пула, патниците скокале во море за да се спасат

Еден брод изгоре во пожар кој вчера околу 19.30 часот изби во Пула во Техномонтовата марина.

Големиот пламен пожарникарите успеале да го изгасат за само 15 минути. Според зборовите на очевидци се работи за глисер кој впловувал во марината кога во него од засега непознати причини избил пожар.

Со него управувал Младен Божиќ од Пула кој на бродот се наоѓал со сопругата. Божиќ впловувал кон пристаништето Делфин каде го врзувал кога забележал оган во подрачјето на мтотор.

Жената се спасила со скок во море, додека Божиќ се обидел да управува, но на крајот и тој скокнал во море.

Бродот плутал како факел и зафатил уште неколку бродови во марината Техномонт.

Имено, иако пожарникарите брзо интервенирале, пожарот брзо се проширил и на околните бродови. Полицијата и пожарникарите останале на терен.

Погледнете го видеото: