Македонија
10. April 2017 - 13:52

Хорор: Силувана старица од Македонски Брод

Во 14 часот и 30 минути во текот на вчерашниот ден во Македонски Брод, старица пријавила дека била силувана. Се работи за 73-годишна жена која пријавила дека на нејзината врата тропнал 32-годишниот И.М. влегол внатре и започнал да ја силува, нанесувајќи и повреди по цело тело.
 
Полицијата информира дека жената во еден момент во самоодбрана земала тесла со која го удрила насилникот, по што тој избегал.
На жената и била укажана лекарска помош во Здравствен дом Македонски Брод и на одделот за гинекологија во Општа болница Кичево. 
Насилникот е приведен и ќе си ја добие заслужената казна.