Македонија
8. September 2016 - 15:20

Хорор: Скопјанец се застрелал во глава

Осумдесет и деветгодишен маж е пронајден мртов во сопствениот дом на улицата „Васил Главинов“ во Скопје.

Според полицијата,  вчера во 11:30 часот во ЕИК-Скопје било пријавено дека на ул.„Васил Главинов“ во Скопје, А.И. (80) околу 9:20 часот го пронашла нејзиниот сопруг Г.И. (89) во спалната соба без знаци на живот со прострелна рана во пределот на главата. 

Екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Скопје, при што бил подигнат пиштол. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е пренесено во Институтот за судска медицина за обдукција.