Македонија
8. November 2019 - 13:06

Хорор сообраќајка во Куманово: Автомобил излетал од пат и удрил во пешак и во кабина на автобуска постојка

Дваесет и двегодишен возач од Куманово, утрово излетал од булеварот „Октомвриска револуција“, удрил во пешак и во кабина од автобуска постојка, информираше денеска СВР Куманово.

-Утрово во 06:15 часот  на  булeварот „Октомвриска револуција“ во Куманово, 22-годишниот Ј.Ф. oд Куманово, управувајќи патничко возило „шкода октавија“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола, излетал од коловозот и удрил во кабина од автобуска постојка, а потоа и во 37-годишниот  пешак Р.К. од Куманово.

Во незгодата пешакот и возачот се здобиле со повреди и биле пренесени во болницата во Куманово за укажување на лекарска помош, наведуваат од СВР Куамново. 

Увид на местото извршила екипа од полицијата во Куманово.