Македонија
29. September 2016 - 15:06

Хорор во Ченто: Им се заканувал со пиштол на деца во училишниот двор, пукал па побегнал

Вчера во 14.15 часот од ЕИК Скопје било известено дека околу 11.30 часот во населба Ченто, пред ОУ „25-ти Мај“, непознато лице на деветгодишно дете и на други 20-тина ученици, им вперил пиштол, по што испукал еднаш во воздух побегнал од местото на настанот.
 
Повредени во инцидентот нема.
 
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.