Балкан
12. January 2016 - 11:13

Хорор во Истанбул - На плоштадот расфрлени делови од човечки тела

Бомбаш самоубиец се резнесе денеска на плоштадот во центарот на Истанбул, и усмрти најмалку осум лица, објави новинската агенција Доган. Бомбашот го активирал експлозивот во близина на група туристи кои шетаа низ градот.

Очевидците и турските полицијаци изјавија дека на лице место се наоѓаат расфрлани делови од тела од убиените луѓе.

Експлозијата се случила на централниот плоштад Султанахамет, до Султан Ахмед џамијата, позната како Плава џамија. Локалните медиуми додаваат дека се слушнале неколку експлозии, а полицијата го блокира подрачјето.

Ердем Короглу, еден од сведоците кои во моментот на експлозијата се наоѓал во својата канцеларија недалку од Плавата џамија, од прозорецот видел неколку безживотни тела на улица.

„Беше тешко да се утврди кој е жив, а кој мртов. Темелите на зградата се потресоа по детонацијата. Кога истрчав на улица, видов расфрлени делови од тела“, изјави Короглу за турски локални медиуми.