-->
-->
Хорор во Италија: Одмазда за убиство на девојка - Од автомобил пукале по оние кои им личеле на мигранти
-->
Најмалку четворица африкански мигранти се повредени откако маж пукаше на минувачи во градот Мачерата во централна Италија, јавија локалните медиуми.
Во меѓувреме, полицијата соопшти дека напаѓачот е уапсен, два часа по нападот.
Според италијанската агенција АНСА, сите повредени се црнци.
Градоначалникот на Мачерата апелираше жителите да останат дома. - Останете дома. Во градот има вооружен маж кој пука од автомобил, напиша градоначалникот на Фејсбук.
Некои медиуми јавија дека пукотниците се од автомобил кој поминал низ центарот на градот.
Државната телевизија РАИ пренесе дека се претпоставува оти цел на напаѓачот биле црнци на улицата.
.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Цвета Ристовска поднесе оставка во ДКСК
-

Гоце Наумовски пред избор за уставен судија, во судски активен огласот за втор кандидат
-

Кои министри на Вреди ќе заминат од Владата допрва ќе се одлучува
-

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење
-

Пад на месечната инфлација од 0,7%
-

Починала во 2006-та, а во декември родила дете
-

Преглед на вестите од светот
-

САД и Македонија со договор за реципрочна, фер и балансирана трговија
