Свет
18. August 2019 - 9:14

Хорор во Париз: Гостин уби келнер во ресторан зошто долго ја чекал нарачката, гостите во шок

Гостин во еден локал во Париз го уби келнерот поради што порачаниот сендвич не бил подготвен доволно брзо, пренесува Би Би Си.

Полицијата соопшти дека е покрената истрага за убиство откако вчера дошло до инцидент во локал во предградието на Париз. Осомничениот по убиството побегнал и се уште не е пронајден.

Екипата на итната помош се обидела да го спаси 28-годишниот маж кој бил ранет, но им подлегнал на повредите на самото место.

Неговите колеги рекоа дека гостинот изгубил контрола во ресторанот за брза храна затоа што долго го чекал нарачаниот сендвич. Злосторствто ги шокираше локалните жители.

„Ова е тажно, беше тоа мирен ресторан без никакви проблеми. Отворен е неколку месеци“, рече една жена за француските медиуми.

Жителите се загрижени поради стапката на криминал во нивната околина каде има се повеќе дилери и пијаници.