Хорор во Струмица: Тинејџери силувале 13-годишно девојче на новогодишната ноќ
Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишна девојка за која постои основано сомнение дека помагала при сторување кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години, согласно член 188 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. За истиот настан, надлежниот јавен обвинител до судијата за деца при Основниот суд во Струмица поднесе Барање за поведување подготвителна постапка против две деца во судир со законот за кои постои основано сомнение дека извршиле дејствија кои со закон се определени како кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години.
При новогодишна прослава во куќа на еден од малолетниците, осомничената, свесна за своето дело, им помогнала на две деца родени 2007 година, со употреба на сила, да извршат силување на девојче родено 2010 година. Осомничената најпрвин ја поттикнувала и ја довела во алкохолизирана состојба жртвата, ја соблекла во една од собите, овозможувајќи им на двајцата малолетници да го силуваат девојчето, кое за цело време давало отпор. По целиот настан, осомничената и ја облекла облеката на жртвата и почнала да ја удира со клоци и шамари во пределот на главата.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничената. Предлогот е прифатен и судијата со решение и определи притвор во траење од 30 дена. За двете деца во судир со законот ќе биде предложена мерка согласно член 115 од Законот за правда на децата – ставање под надзор од Центарот за социјални работи.
Ново на Сител
-
Во Полска уапсени 75 луѓе поради дистрибуирање на детска порнографија
-
Пронајдени и вратени на родителите две загубени деца во Скопје
-
Додека бегал од полиција фрлил автоматска пушка, уапсен 20 годишник од Гостивар
-
Пилотите на Формула 1: Време е да бидеме третирани како возрасни
-
Бронзен медал за Стефан Михајловски на ЕП во кик бокс
-
Среде Атина Илиоски го победи Гркот Филис Христос и ќе се бори за злато на Европското кик бокс првенство
-
Ван Нистелрој за останувањето во Манчестер: Ќе видиме што носи иднината кога ќе се чујам со Аморим
-
Јаневска најави затворање на два института поради нерегуларности