Живот
23. August 2016 - 18:46

Хорор во затвор: Татко ми ме гледаше додека ме силуваа!

Ретко во кој затвор животот е мед и млеко, но во некои состојбата е крајно нехумана и брутална, а човековите права се прекршуваат постојано. Еден од таквите затвори, кој според многумина е најлош е сирискиот воен затвор Сајднаја.

Групата Амнести Интернешнал испитувала 65 поранешни затвореници од Сајднаја за да ги дознаат сите мачни детали, а со помош на форензарски архитекти креиран е овој затвор во 3Д видео.

Мачења, смрт и болести се секојдневие во овој затвор, а Амнести соопшти дека во затворот од почетокот на кризата во Сирија починал 17.723 луѓе.

Лоциран на само 30 километри од Дамаск, затворот е привремен или пак последен дом за илјадници луше, а негова цел не е само казнување туку и мачење на луѓето.

-Мачењата и силувањата се секојдневни, рече еден од некогашните затвореници, адвокатот Салан Отман од Алепо кој таму поминал речиси две ипол години поради организирање мирни протести. тој открива дека чуварите таму при самото влегување ги претепуваат затворениците, и тоа е т.н. „журка за добредојде“, а тоа го правеле не само со раце, туку и со кабли и шипки. Се таму се работи по наредба, од јадење и спиење до вршење нужда.

Претепувањата се брутални и траат со часови, а таму ги сметаат за дневен ритуал. Некои од затворениците умираат и поради лесни повреди како посекотини зошто немаат никаква медицинска помош за да се спречат инфекциите. По смртта цимерите од затворската соба се принудени со мртвите да поминат ден или два во ќелијата.

-Сакаат да бидат што по крволочни. На подовите тече река крв, на затворениците има вадат нокти за да извлечат непостоечко признание, а безбеднсоните проверки содржат елементи на сексуално злоставување, велат сведоци.

Пониживање до крајни граници

Целта на чуварите е максимално понижување на зарворениците. Еден од нив опиша како чуварите присилиле двајца цимери во ќелија и да се силуваат меѓусебно, заканувајќи им се дека ќе умрат ако не го сторат тоа/.

Еден затвореник опиша како бил силуван на едно од своите испрашувања:

-Цело време имав превез преку очите. Левата рака ми беше во воздух, врзана, а рамото дислоцирано. Додека висев гол, со електрошокер ме удираа по пенисот. Потоа го зедоа електрошокот и насилно ми го пикнаа во анусот и го вклучија. Болката беше огромна како и понижувањето. Тогаш еден од чуварите нареди да ми го извадат превезот и видов дека и мојот татко бил таму, го принудиле да ме гледа како ме силуваат, е едно од најшокантните описи на силување во овој затвор.