Хоспитализиран претседателот на Чешка од засега непознати причини
– Претседателот на Чешка Милош Земан (77) денеска беше пренесен, од засега непознати причини, во воената болница во Прага, каде, по игра на случајот, се наоѓа и поранешниот претседател Вацлав Клаус поради проблем со висок крвен притисок.
Воената болница потврди дека Земан е хоспитализиран, но одби да коментира зошто и да ги потврди неофицијалните информации од весникот Право, дека ќе биде потребно подолго лекување, пренесува Бета.
Портпаролот на Земан, исто така, одби да даде каков било коментар за медиумите, додека неговиот советник Мартин Нејдли рече дека наводно слушнал дека претседателот закажува редовна контрола.
Чесите немаат целосни и детални информации за здравствената состојба на нивниот претседател, освен дека има дијабетес и невропатија во нозете, што му отежнуваше со години да се движи, а од април годинава е во инвалидска количка.
Клаус (80), кој е еден од главните противници на вакцинацијата, покривање на лицето и други санитарни мерки во пандемијата на Ковид-19 се зарази кон крајот на февруари, а во текот на викендов не се чувствувал добро.
– Му беше лошо иза време на прегледот констатирано е дека има висок крвен притисок. Сега чека дополнителни тестови во болницата, изјави портпаролот на Клаус, Петр Мацинка.
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло