Хоспитализирани нови 43 пациенти во ковид центрите во Скопје, вкупно се лекуваат 252

Нови 43 пациенти се хоспитализирани изминативе 24 часа во ковид центрите во Скопје, поради компликации од коронавирусот. Вкупно 252 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Како што соопшти Министерството за здравство, во последното деноноќие на интерните клиники имало 22 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 12 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 9 во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 24 оздравен пациент.
-Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 24 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 23 пациент со симтоми на корона вирусот. Ковид центарите на Клиниката за нефрологија и на Клиниката за Гастроентерохепатологија се затворени од денес, соопштија од Министерството.
Оттаму информираат дека во ГОБ 8 Септември има вкупно 81 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежи 83 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 20 пациенти. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
-Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 112 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, се наведува во соопштението на Министерството.
Ново на Сител
-

Миленкоски задоволен од стартот на македонските одбојкари во Европската лига
-

И Израел и Иран се заканија со нови пожестоки напади ако не се почитува примирјето
-

УХМР: Пороен дожд, грмежи и засилен ветер во западните и југозападните делови од државава
-

Мицкоски го потврди задоволството од Тиват
-

Нови планови за нов клинички
-

Папата Лав XIV: Светот е во длабока криза
-

МФ: ММФ ја потврди стабилноста и отпорноста на македонската економија - извештајот со позитивни оценки за економскиот раст и фискалните политики
-

Судење за Пулс: Обвинителството изнесе докази за пропусти во годишните програми за надзор на ДЗС во Кочани
