-->
-->
Хоти: Косово и Србија во Брисел ќе преговараат единствено за меѓусебно признавање
-->
Косовскиот премиер Авдулах Хоти најави дека утре во Брисел ќе започнат преговорите меѓу Косово и Србија за меѓусебно признавање на двете држави, јави дописникот на МИА од Приштина.Преку обjава на својата страница на Фејсбук, Хоти порача дека договор со Србија ќе се постигне единствено кога тој ќе се заокружи со меѓусебно признавање.
– Нема да има меѓудоговор или парцијален договор кој не го решава проблемот засекогаш. Ќе има само конечен договор за меѓусебно признавање, кој е систематски и во кој ќе бидат адресирани сите прашања кои треба да се решат меѓу две независни држави, врз основа на меѓународните конвенции, стандарди и практики за регулирање на односите меѓу две независни држави, напиша Хоти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воен аналитичар
-

Утре се избираат градоначалници во Гостивар, Маврово-Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа
-

Избега од Македонија 18 годишниот возач кој без возачка, вчера усмрти жена во Капиштец
-

Извештај на ЦУК за поплави и свлечишта во најкритичните места
-

Ризикот од поројните дождови поголем во урбаните средини
-

Штети од поплавите во кочанско
-

Од март стапува на сила поригорозен закон за заштита од пушењето - се забрануваат и електронските цигари
-

Цените на становите уриваат рекорди, ќе има ли стабилизација?
