Свет
28. September 2016 - 21:05

Хованец: Чешка годинава нема да прима бегалци според квотите

Ние нема да овозможиме влез на територијата на Чешка никому, кој нема да сака да помине безбедносна проверка, изјави чешкиот министер за внатрешни работи Милан Ховенец пред да отпатува за Берлин каде треба да се сретне со својот германски колегаТомас де Мезиер.

Хованец потенцира дека Европската унија треба конечно да си признае дека системот за квотите не функционира и не може да функционира.

- Ме изненадува дека Европската комисија постојано се обидува да го оживее овој систем, рече Хованец.

Чешка до сега има преземено 12 мигранти од Грција, додека од таму во останатите европски земји се преселени 4.455 лица. Од Италија досега во другите земји на ЕУ се префрлени 1.196 мигранти.

Хованец, исто така, оцени дена во врска со критичните точки сака да се постигне правилно преиспитување на нивната функционалност, вклучувајќи ги и институциите на ЕУ од типот на Фронтекс - Европската агенција за менаџирање на оперативната обработка на надворешните граници на земјите-членки на ЕУ.

Според министерот, не е можно, Чешка и останатите членки на Вишеградската група (В4) - Словачка, Полска и Унгарија до безконечност да ги заменуваат останатите земји во испраќање на полицајци за заштита на границите на државите на ЕУ.

Според најавите, Хованец од Мезиер ќе побара детали за германскиот план за враќање на бегалците.