Фудбал
9. January 2023 - 20:26

Христијан Георгиевски Тупан потпиша за Славија

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Христијан Георгиевски од денеска е нов член на бугарскиот прволигаш Славија.

Во софискиот тим оди од Скопје каде настапуваше последната полусезона откако претходно една година помина во унгарскиот МТК. Со неполни 20 години, Георгиевски е еден од најдобрите играчи на негова возраст во земјава, на позицијата последен играч за врска. Заедно со Георгиевски, Славија денеска промовира уште две засилувања, Владимир Николов и Натам Гасама, а утре се очекува да пристигне и Вељко Јеленковиќ.

Христијан е дел од фудбалско семејство, а интересно е тоа што член на Славија своевремено беше и неговиот чичко Славчо Георгиевски кој го предводеше во тимот на Скопје во есенскиот дел од сезоната.

Во моментов во Славија игра и поранешниот македонски репрезентативец Дарко Тасевски кој е фудбалер на тимот од 2019 година.