-->
-->
Хрват заштити збор и сега си ги бара сопственичките права
-->
Музичарот Хрвоје Турчин од Загреб, во јавноста познат како Ди-Џеј Турк, оди наоколу и им се заканува со тужба на сите во музичката индустрија, кои во насловот на својот настан го користат зборот „reunion”. Причината е едноставна – тој сега го поседува тоа зборче.
Англицизмот, првпат забележан во 17. век, настанал од латинскиот израз „reunire”, што значи повторно собирање заедно. Ди-Џејот некако успеал да го заштити тој збор во хрватскиот Државен завод за интелектуална сопственост, па сега сака да заработи на тоа.
– Многу поздрави, видов дека организирате забава, па го споменувате и зборот REUNION. Но, јас сум сопственик на тој збор во врска со организација на забави, фестивали, продажба на билети или кои било обележја, а коишто се однесуваат на забавата. Овојпат Ве молам да го тргнете зборот REUNION од насловот, рекламите и билетите. Во спротивно, ќе Ве контактира адвокатската канцеларија Грубеш и партнерите, му напишал Ди-Џеј Турк на еден свој колега.
И, сето тоа не било шега. Повикот од адвокатската канцеларија – се случил.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија води на полувреме против Словенија
-
Без струја утре делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров
-
Челси не сака да го задржи Санчо
-
Стани мастер на својот ум | Кристина Дескоски | Личен развој | Sitel Podcast 085
-
Обвинителството соопшти дека поради намален ризик од бегство Јахоски добил куќен притвор во случајот за набавка на мазут
-
Жена удрила 18-годишно девојче со автомобил, па избегала
-
БНД: Коронавирусот потекнува од лабораторија во Вухан
-
Приведен 74-годишен маж од Скопје, бил агресивен кон полицајци