Хрватска и Србија финалисти на СП во ватерполо
Репрезентациите на Хрватска и на Србија ќе играат во финалето на Светското првенство во ватерполо што се одржува во Казањ. Двете селекции синоќа во полуфиналните дуели остварија победи.
Олимпискиот шампион Хрватска дури по изведувањето пенали ја совлада Грција со 15:13 откако претходно резултатот беше 10:10. Голманот на Хрватска Јосип Павиќ успеа да одбрани еден пенал, додека неговите соиграчи ги реализираа сите пет. Хрватска така успеа по три последователни порази во полуфинале, да се избори за натпреварот за златниот медал.
Во второто полуфинале Србија ја победи Италија со 10:6, а победата ја обезбеди во првиот дел откако на полувремето водеше со 8:2.
Со пласманот во финалето Хрватска обезбеди учество на ОИ во Рио, додека Србија тоа го направи со освојувањето на титулата во Светската лига, тоа значи дека и победникот во „малото финале“ ќе се пласира во Рио.
Финалето Хрватска – Србија ќе се игра во сабота, а во дуелот за бронзениот медал ќе играат Грција – Италија.
Ново на Сител
-
Делови од Центар и Гази Баба утре без вода
-
Кикбоксерите пример за промоција на крводарувањето во Македонија
-
Успешна кикбокс завршница на ВАКО светскиот кикбокс куп “Италија 2025”
-
Јанкуловски: Холокаустот е потсетник за страшните последици од нетолеранцијата, омразата и дискриминацијата
-
Ринкевичс: Европските земји мора да воведат задолжителен воен рок
-
Јанев: Размислуваме за повеќе мерки за безбедноста во сообраќајот, во владина процедура дел од законските измени за „Безбеден град“
-
Додик: Република Српска не може и нема да се откаже од своите позиции
-
Просечниот животен век на Кинезите достигна 79 години