Балкан
16. February 2016 - 20:39

Хрватска ја зајакнува граничната полиција со цел да го спречи миграцискиот бран

Хрватската полиција денеска соопшти дека испратила дополнителни единици на границата со Србија по изјавата на Австрија дека ја зајакнува контролата поради приливот на мигранти на балканскиот пат кон европските земји.

- Хрватска испрати дополнителни гранични сили кои ќе го набљудуваат реонот долж и околу границата со Србија, се наведува во полициското соопштение.

Над 650.000 мигранти преминале преку Хрватска од септември минатата година.

- Шефовите на полиција од Австрија, Словенија, Хрватска, Србија и Македонија ќе остварат средба на 18 февруари во Загреб, на која ќе ја разгледаат сегашната ситуација и можните решенија за мигрантската криза, пишува во соопштението.