Хрватска ќе купи 12 воени авиони Рафал за 999 милиони евра
Хрватска ќе купи 12 француски борбени авиони „Рафал“ за да ги модернизира своите воздушни сили во договор вреден 999 милиони евра.
Другите понуди во процесот беа на САД, Шведска и Израел.
Хрватска влезе во НАТО во 2009 година и во Европската унија во 2013 година.
Во ВВС се ескадрила руски МиГ-21 кои датираат од поранешна Југославија, но тие се застарени и малку од нив се во работна состојба.
– Животот на нашите МиГ-21 истекува во 2024 година, рече хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.
Изборот на француските авиони, објавен од Пленковиќ, доаѓа по долга тендерска постапка, што беше одложена неколкупати. Другите понуди вклучуваа нови Ф-16 од САД, нов ЈАС-39 Грипен од Шведска и користени Ф-16 од Израел.
Пленковиќ посочи дека најголемата воена набавка на Хрватска од нејзиното отцепување од југословенската федерација ќе биде вредна 999 милиони.
Пакетот ќе вклучува авиони, обука на екипаж и оружје, според хрватските медиуми. Првите шест такви воени авиони ќе бидат испорачани во 2024 година, а останатите – следната година.
Ново на Сител
-

Силно невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер го зафати Скопје
-

Уапсен 28-годишник од Неготино, оштетил кафемати и одзел пари од нив
-

Физичка пресметка помеѓу четири лица во скопскиот Градски парк поради одземен телефон
-

Затвореник во Затвор Штип истепал полицаец
-

Руте: Русија и нејзините сојузници се главната долгорочна закана за НАТО
-

Во Шпанија во јуни од екстремно топлото време починале 1.028 луѓе
-

Кавадарчанец загина откако со камион се превртел и паднал во провалија
-

Нема повеќе вадење лаптопи, таблети, мобилни и течности од рачниот багаж на скопскиот аеродром
