Балкан
9. December 2017 - 14:51

Хрватска под снег

Речиси целиот континентален дел од Хрватска утрово е под снег. Најголема снежна покривка е регистрирана во планинските предели.

Четиринаесет сантиметри снег досега наврнале во Вараждин, еден во Книн, додека во Загреб снежната покривка е три сантиметри.

Во приморскиот дел на Хрватска, сообраќајот е отежнат поради силни верови и има многу ограничувања.

Сообраќајот е забранет за камиони со приколки и полуприколки, а сите други возила мора да располагаат со зимска опрема.

Снег наврна и во Словенија, а во Србија снежни наноси се очекуваат во текот на ноќта.